Актуелно 12.08.2018 15:07

Стоилковски: Нема крај на скандалите на СДСМ, три тендери тешки повеќе од 3 милиони евра добил таткото на директорката на Хематологија

Стоилковски: Нема крај на скандалите на СДСМ, три тендери тешки повеќе од 3 милиони евра добил таткото на директорката на Хематологија

Нема крај на скандалите и аферите поврзани со сомнежи за криминал, корупција и исцицување на државниот буџет од власта на сметка на осиромашување на граѓаните!, ова денеска на прес конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Незаменливоста на тимот на Зоран Заев, предводникот на правосудните реформи, аболициран и помилуван за два криминално коруптивни случаи, Глобал и Поткуп, ги отвори портите за неказнивост и со тоа целосна незапирливост во криминални дејства на луѓето блиски до власта. Незаменливоста кај Заев, Филипче веројатно ја разбира како опција за набавки во четири очи, од кои две се или негови или очи на негови блиски. Не стивнува аферата по која и ОЈО започна постапка, за Крвавите тендери и за можен организиран криминал за набавките во четири очи од 400.000 евра, а веќе во јавноста пламнува нова афера за три тендери тешки повеќе од 3 милиони евра префрлени од Клиниката за хематологија на веледрогеријата „д-р Пановски“. Доколку тоа што Директорката на клиниката, Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата добитник на тендерот, не е злоупотреба на службена положба и корупциски скандал, власта да објасни на јавноста за што станува збор? Ова е директен судир на интереси на штѕета на буџетот. Ќерката директор на клиниката овозможува тендери за компанијата на татка си, и тоа во три наврати во период од септември лани до мај годинава. На сајтот на Бирото за јавни набавки се прикажани сите три договори меѓу Клиниката за хематологија и веледрогерија „д-р Пановски“, но, како јавија и медиумите, документите за две од трите постапки ги нема, а на достапниот договор наместо ќерката-директор, потпишани се овластени потписници, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека министерот Филипче залудно се крие од одговорност, кога самиот тој ја поставил ќерката на Пановски за директор, иако уште тогаш во јавноста се говореше за конфликт на интереси заради врската меѓу министерот со директорката на клиниката за хематологија.

-Колку што му е на Заев за судските реформатор, а на Анѓушев за иновациите, толку му е на Венко Филипче до јавното здравство! Никој во власта не мисли на скандалот „Крвави тендери“ тежок 35 милиони евра, ниту набавките тешки 400.000 евра за кои испитува ОЈО. Веројатно незаменливоста и наводните правосудни реформи ќе го сторат своето. Во меѓувреме секојдневно го исцицува македонското здравство сомнително префрлајќи пари на сметки на неговата љубена и нејзината компанија. Притоа пак, таа без ужива во пренесената неказнивост и незаменливост и без проблем управува со една од универзитетските клиники, набавувајќи лекови од семејната компанија, со огромна можност за нови злоупотреби! Заев и Филипче мора да одговорат дали Клиниката за хематологија се претвора во приватна клиника на Пановски?, прашува Стоилковски.

Најнови вести