Актуелно 07.12.2018 15:51

Стоилковски: Нема раст на економијата, лебот поскапе, земјоделците протестираат- слика која што не сме ја виделе десетина години

Стоилковски: Нема раст на економијата, лебот поскапе, земјоделците протестираат- слика која што не сме ја виделе десетина години

Оваа црна власт за една намена го покажува своето вистинското лице- дека не водат грижа за економски ранливите категории. Поскапува лебот, а Вицепремиерот за економија, фондовскиот иновативец Кочо Анѓушев и заедно со министерот за уништување на земјоделството Љупчо Николовски, од министерска позиција порачуваат дека не им е грижа, поскапувал само, внимание, само евтиниот леб!? Оваа власт, затворена во својот елитизам, покажува комплетна негрижа за граѓаните, за социјалната димензија на надоаѓачкиот бран поскапувања, за цената на лебот кој што е основен продукт за исхрана и параметар за стабилноста на политиките и економијата на една држава, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Анѓушев вели, внимавајте „Засега поскапе само најевтиниот леб“. Вели, засега! Тоа е признавање дека предупредувањата од ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во земјоделството се вистинити, дека ова не е крај на поскапувањата, дека се отвора спиралата на поскапувања и дека негрижата за македонското земјоделство и за социјалниот момент е комплетна. Го доведоа народот до просјачки стап. Нема раст на економијата нема инвестиции, земјоделците протестираат- слика која што не сме ја виделе десетина години. Велат, ќе интервенирале ако има потреба. Повторно ЌЕ, ветувања какви што се изнаслушавме! Исто како за просечната плата од 500 евра! Ова воопшто не изненадува имајќи го пред се’ предвид односот на оваа забегана власт која ја зави македонската економија во црно, по нејзиниот став за поскапувањето на нафтата и горивата, заедно со лагата за зелена нафта, што исто така влијае врз состојбите во производството на храна, потенцира Стоилковски.

Тој додава дека Неодамна да потсетиме, Мира Стојчевска, позната по скоро 12.000 евра патни трошоци за 9 месеци, го пренесе ставот на СДСМ за покачувањето на акцизата за дизелот дека цитирам „Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60 отсто од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил!“ Ете тоа е грижата на СДСМ.

-Инвентивниот Анѓушев сега вели сушата си го земала данокот, дека житото на сите светски берзи е поскапено до 30тина проценти, истовремено кога Светската организација за храна вели цените се на најниско ниво, заради ниските цени на пченицата. НЕ, почитувани, не сушата, туку неспособноста на црната власт за една намена си го зема данокот. А цената ја плаќа народот. ВМРО-ДПМНЕ даде низа предлог мерки за спречување на овие предвидливи состојби, но на власта не и е грижа се’ додека има фондови и тендери за четири очи. Црно правило е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Министерството не треба да реагира отпосле , туку да превенира. Колку подолго ја злоупотребуваат државата со својата неспособност, толку поголема ќе биде црната цената која што сите ние ќе ја плаќаме. Ги излажаа земјоделците, животот им го загорчеа, трудот им го зацрнеа, народот го осиромашија. Приклучете се на протестите секоја среда пред Влада, и секој викенд низ државата, за што поскоро да го видиме грбот на оваа криминогена и неспособна власт, додава Стоилковски.

Најнови вести