Зоран Заев и неговиот картел спроведува антиреформи и партизација во јавната администрација. Партизацијата на администрацијата ја командува самиот Зоран Заев преку формираниот Совет за реформа на јавната администрација. Ниту диплома ниту работно искуство, единствено што е потребно е стаж во партијата и партиски активности, за да Заев, Тевдовски, Манчевски и Спасе Глигоров можат да креираат мрежа на партиски војници во јавната администрација, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Само во оваа 2018 година вработени се преку 200 партиски активисти на СДСМ во државната администрација. Повеќето од нив се на високи позиции, а таа висината на позицијата зависи исклучиво од стажот и активностите во самата партија СДСМ. Преку Агенцијата за администрација распишани се преку 160 огласи за вработување на неопределено време во централната и локалната власт, а се вработува само партиски војници на СДСМ? Тоа се реформите на јавната администрација кои водат напред а се замислени од СДСМ? Дали е тоа партизација на администрацијата или департизација како што налага одењето напред? Тоа се тоа тие вредности кон кои води СДСМ; партизација наместо департизација на администрацијата? Наместо професионална функционална администрација во служба на граѓаните, СДСМ ја злоупотребува само за вработувања на партиските војници. Не постои општина не постои државна и јавна институција во земјата во која не се нашло место за вработување и полнење на администрацијата со партиски војници. И тоа се прави бесрамно, дури и не се мисли дали некој бил примен иако имал најмалку бодови при квалификациите, вели партискиот портпарол.
Тој потсетува дека секојдневно до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат информации за нови злоупотреби на огласите и полнењето на новоотворените работни места.
-Што е уште пострашно, нововработените сеат страв и политичка пропаганда за партиски цели, а чесните службеници во администрацијата немаат ниту каде да се пожалат. Тоа е реалноста на Македонија со СДСМ, тоа се тие вредности кон кои што цели оваа власт. Почитувани, не смее да се дозволи актуелната власт за една намена целосно да ја урниса државата. За неполни половина мандат ја урнисаа економијата, го урнисаа правниот систем, ја пренатежнаа администрацијата со партиска војска. На Македонија и треба здрава професионална администрација, на Македонија и треба тим што навистина ќе знае да поведе напред. Македонија знае како да постапи, Македонија ќе победи, порача Стоилковски.