Актуелно 12.09.2018 17:15

Стојаноска до Мисовски: Кукавичлак е кога Заев бега од дебата за да не се соочи со вистината

Стојаноска до Мисовски: Кукавичлак е кога Заев бега од дебата за да не се соочи со вистината

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ му одговори на Горан Мисовски од НСДП, кој обвини дека „предавнички и кукавички го оценува ставот за референдумот на највисоките партиски органи на ВМРО-ДПМНЕ“.

Мисовски се сомнева дека зад ваквата одлука на партиските тела стојат сите членови на ИК и на ЦК на опозициската партија.

-Иако обвинувате, Вие не знаете што е кукавичлук. Кукавичлук е да поддржите предавнички договор, со кој се менуваат името, идентитетот и историјата на својот народ. Кукавичлук е да потпишете капитулација, поради функционерска фотеља. Кукавичлук е да се откажете од својот народ и да го терате да си ги смени личните карти пасошите. А, уште поголем кукавичлук е, откако ќе го направите сето ова, Вашиот идеолошки ментор и водач Заев да бега од дебата, за да не се соочи со вистината. И да, кукавичлук е кога сопствениот срам го криете со напади врз други, само за да не се дознае колку сте малодушни и штетни за својата земја, напиша Стојаноска на Фејсбук.

Најнови вести