Актуелно 04.11.2018 11:55

Стојаноска до Трпевски: Да не беше поднесен амандманот, џабе ќе лобираше

Стојаноска до Трпевски: Да не беше поднесен амандманот, џабе ќе лобираше

Една од главните одлики на оние кои не работат е да се китат со туѓи перја. Истото ова старо народно правило важи и за комисиската расправа за ребалансот на буџетот.

Откако ги офрли сите амандмани кои се однесуваа за изградба на градинки поднесени од опозицијата, за чудо министерството прифати амандман за реконструкција на кровот на ОУ Гоце Делчев во Гостивар.

Но, по прифаќањето реплицираше пратеникот на СДСМ од Гостивар Благојче Трпевски кој стана на говорница да се пофали дека тој „лобирал“ за реконструкцијата.

На тоа реагираше подносителката на амандманот пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која го сосече сограѓанинот „лобист“.

– Да не беше поднесен амандманот, џабе ќе лобираше, дирекно му се обрати Стојаноска.