Актуелно 02.10.2018 19:37

Стојаноска: Граѓаните не дадоа поддршка за промена на името на државата, референдумот е неуспешен

Стојаноска: Граѓаните не дадоа поддршка за промена на името на државата, референдумот е неуспешен

Пратеничка во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, во нејзиното денешно гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа, истакна дека референдумот за промена на уставното име на државата организиран од владата на СДСМ и Зоран Заев е неуспешен бидејќи на него не се остварил потребниот цензус од 51 процент на излезеност или 903 илјади од запишаните граѓани со право на глас во избирачкиот список.

На прашањето каков е резултатот во Гостивар од каде што потекнува пратеничката, Стојаноска направи споредба со гласањето на локални избори во 2017 година и гласањето на референдумот на 30 -ти септември, односно како што нагласи таа за референдумот излегле 8000 граѓани помалку во однос на локалните избори во 2017 година, додека болни и изнемоштени лица за локалните избори се пријавиле 118 за гласање, сега за референдумот се пријавиле само 13 лица, што тоа укажува дека граѓаните не сакаат дека одговорат на референдумското прашање кое е трозначно и манипулативно прашање кое има за цел промена на уставното име на Република Македонија.

Според нејзе и покрај обидите од страна на власта на СДСМ и Заев да ја заобиколат волјата на граѓните кои не излегле на гласање, а тоа се еден милион и 200 илјади, бидејќи тие граѓани кои не излегле на гласање сепак си го оствариле своето право, а тоа е да бојкотираат и да не се изјаснуваат на референдумот и тоа е во согласност со законот.

-Не можете милион и 200 илјади граѓани на оваа држава да ги ништитите со апсолутна нула, проста математика, универзална наука, милион и 200 илјади како цифра е повеќе од 605 илјади. Законски се бара да излезат еден повеќе од половина запишани во избирачкиот список и тоа е крај, законот мора да се почитува, смета Стојаноска.

Најнови вести