Актуелно 05.10.2018 10:38

Стојаноска: Референдумот е неуспешен, резултатите од него се фалсификат, а договорот потпишан со Грција е мртов поради неисполнетиот цензус

Стојаноска: Референдумот е неуспешен, резултатите од него се фалсификат, а договорот потпишан со Грција е мртов поради неисполнетиот цензус

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, Дафина Стојаноска во вечерашното гостување на дебатата на Тв 24 рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека референдумот е неуспешен, резултатите од него се фалсификат, но и дека договорот потпишан со Грција е мртов поради неисполнетиот цензус.

– “Првиот услов за референдумот е дека треба да биде исполнет цензусот. Тој не е исполнет и нема тука за што да се дискутира. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се народни избраници и преставницни на народот во парламентот како и сите останати пратеници и волјата на народот во овој слуај мора да се почитува. Така велат законите и уставот. ВМРО-ДПМНЕ пред сите останати партии во Македонија било и сеуште е за влез во НАТО и ЕУ но меѓутоа прашањето е трозначно нејасно и не можеше да се добие единствен одговор. Голем дел од граѓаните се за во ЕУ и НАТО но не се за овој договор“ рече Стојаноска.

Таа го повтори ставот дека никој нема дилема дека Македонија треба да влезе во НАТО и ЕУ. Но дека проблемот е во тоа дека со влезот е потпишан капитулански договор за промена на името за промена идентитет, промена на јазикот историјата и археологијата. Стојаноска посочи дека народот ги има ставено на кантар од една страна ЕУ и НАТО од друга страна името, идентитетот, јазикот и затоа не гласаа во однос на договорот.