-Од сегашниот премиер имавме гаранција дека амандманите нема да стапат на сила ако спогодбата од Преспа не биде ратификувана и не влезе на сила и кај нашиот јужен сосед. Меѓу четирите предложени нацрт амандмани нема ниту еден кој ова ни го гарантира, или поточно Владата на Република Македонија нема обезбедено, ниту приложено ниту една гаранција во случај јужниот сосед да не си ги исполни неговите обврски од Преспанската спогодба, истакна пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на комисијата за Уставни прашања за нацрт амандмани.
Пратеничката Стојаноска во своето обраќање додаде дека не ја чуди ни малку бидејќи сегашниот премиер на 16 мај 2017 година потпишал гаранција дека и дал изјава дека под кривична одговорност дека ќе ги штити унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.
-Само 18 месеци подоцна оваа гаранција не важи, а нема ниту некаков знак дека ќе се започне постапка за одговорност пред судовите, потенцираше пратеничката Стојаноска.
Таа додаде дека немало ниту кривична, ниту морална одоговрност на ниту еден од учесниците и креаторите на Преспанската спогодба.