И покрај тоа што днес околу пладне излегоа списоците за студентските домови Државниот студентски центар не е спремен за вселување на студентите.
Студентите имено стојат пред домовите и чекаат да почне вселувањето веќе цели осум часа и нема никаков глас од управата.
Очигледно е дека и оваа вечер неколку 100тина студенти ќе ја поминат ноќта под ведро небо чекајќи го директорот и управата официјално да започнат со вселувањето.
Студентите лежат на душеци под отворено небо, а истото може да се забележи од фотографиите.