Актуелно 04.09.2018 21:13

Стотина студенти ќе ја поминат ноќта под ведро небо- директорот и управата на ДСЦ се уште не ги примаат студентите во студентските домови (ФОТО)

Стотина студенти ќе ја поминат ноќта под ведро небо- директорот и управата на ДСЦ се уште не ги примаат студентите во студентските домови (ФОТО)

И покрај тоа што днес околу пладне излегоа списоците за студентските домови Државниот студентски центар не е спремен за вселување на студентите.

Студентите имено стојат пред домовите и чекаат да почне вселувањето веќе цели осум часа и нема никаков глас од управата.

Очигледно е дека и оваа вечер неколку 100тина студенти ќе ја поминат ноќта под ведро небо чекајќи го директорот и управата официјално да започнат со вселувањето.

Студентите лежат на душеци под отворено небо, а истото може да се забележи од фотографиите.