Starbucks успеа да ја зголеми продажбата во американските кафулиња на крајот на 2018 година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за втор квартал по ред, пишува Wall Street Journal.
Гигантот забележа 4 проценти раст на приходите на годишна основа од објектите во САД, отворени најмалку една година. Податоците се за првиот квартал од фискалната година. Сообраќајот на луѓе во установите останал непроменет, што всушност претставува подобрување во однос на падот на посети во последното тримесечеие на претходната фискална година.
Генерално приходите и профитот ги надминаа очекувањата, како резултат на што акциите на компанијата ја зголемија својата вредност за 2% во текот на трговијата по затворањето на берзата.
Подобрите резултати стануваат јасни по фискалото четврто тримесечје, за кое Starbucks забележува напредок во речиси секоја оперативна метрика, која следи, вклучувајќи приходите. Тоа е знак дека фокусот на главниот извршен директор Кевин Џонсон врз операциите се исплати.
Џонсон го смени долгогодишниот лидер Хауард Шулц пред речиси две години. Тој се обложи на повеќе аналитички пристап во управувањето со Starbucks, откако се обложи повеќе на синџирот трговски објекти за кафе и се откажа од дел од амбициите на својот претходник. Тој го повлече Starbucks од бизнисот со чај и креираше план за изградба на 1.000 луксузни кафе објекти со брендот Reserve.
„Нашите фокусирани напори од последните шест квартали ни се исплаќаат, откако ни дозволуваат да се фокусираме на нашите три стратешки приоритети“, коментира Џонсон, мислејќи САД, Канада и партнерството со Nestle.
Starbucks работи за подобрување на услугата во американските кафулиња, развива поздрави пијалоци и пушта испораки во САД.
Синџирот го зголемил бројот на членовите на својата програма за лојални клиенти во САД до 16,3 милиони лица, што претставува раст од 14% на годишна основа.
Приходите од продажба во објектите на Starbucks во Кина, отворени најмалку една година, се зголеми за 1% во кварталот на годишна основа. Кина е еден од главните пазари на кои се фокусира компанијата. Таа ги отвори локациите во уште 10 населени места во кварталот, зголемувајќи ја својата база на претпријатија од 18% на речиси 3.700.
Глобално приходите од продажба се зголемија за 4 отсто во однос на истиот период минатата година, надминувајќи ја прогнозата на аналитичарите за раст од 2,9 отсто.
Компанијата со седиште во Сиетл, забележа профит од 760,6 милиони долари, или 61 центи по акција, за кварталот, кој заврши на 30 декември, во споредба со 2,25 милијарди долари, или 1,57 долари по акција, година порано.
Со исклучок на некои елементи, профитот изнесуваше 75 центи по акција, или 15% повеќе од претходната година. Аналитичарите анкетирани од FactSet очекуваа добивка од 64 центи по акција, а на ревидирана основа – 65 центи по акција.
Starbucks ја зголеми прогнозата за добивка по акција до меѓу 2,68 и 2,73 долари од 2,61-2,66 долари и потврди дека се очекува растот на приходите нејзино да е помеѓу 5 и 7% во 2019 година.