Билансот на бројот на жртви од денешниот масакр во две џамии во Нов Зеланд се искачи на 49, додека повеќе од 20 лица се повредени, изјави полицискиот комесар, Мајк Буш.
Тој прецизира дека во една џамија загинаа 41 лице, во другата 7, а уште едно починало во болница, пренесе „Ројтерс“.
Буш изјави дека нападот бил добро испланиран.
Тој на прес-конференција кажа дека напаѓачот е обвинет за убиство и дека ќе се појави утре пред судот. Не сакаше да одговори дали истиот напаѓач е одговорен за двата напади.
Уапсени се четири лица, а главниот напаѓач е идентификуван како 28-годишен Австралијанец, Брентон Тарант.