Финансии 12.04.2018 16:13

Tesco бележи стабилен раст на профитот во услови на силна конкуренција

Tesco бележи стабилен раст на профитот во услови на силна конкуренција

Годишната добивка на најголемиот синџир супермаркети во Велика Британија, „Tesco“ скокнала за 28%, поддржана од продажбата на свежа храна, соопшти „BBC“.
Групата објави профит од 1,6 милијарди фунти за годината што заврши на 24-ти февруари. Продажбата порасна за 2,8 отсто на 57,5 ​​милијарди фунти.
Добри вести следат по години на лоши резултати поради предизвиканиот сметководствен скандал.

Сепак, од „Tesco“ потенцираа дека условите на пазарот остануваат предизвикувачки поради континуираниот пораст на трошоците.

Коментирајќи ги резултатите, шефот на „Tesco“, Дејв Луис изјави дека „ова е година на силен напредок со девет последователни квартал на раст“.

„Повеќе луѓе избираат да купуваат во „Tesco“. Нашиот бренд е посилен бидејќи клиентите забележуваат подобрување и во однос на квалитетот и вредноста“, додаде тој.
Според неговите зборови, компанијата ќе ги оствари своите среднорочни амбиции.

Резултатот на „Tesco“ се подобруваат постепено од 2014-та година, кога ги забележа најлошите резултати во историјата со рекордна загуба пред даноци од 6,4 милијарди фунти.

Ланецот се соочува со силна конкурентна средина во трговијата на мало во лицето на „Aldi“ и „Lidl“ кои зазедоа сериозен пазарен удел од поголемите супермаркети. Исто така компанијата беше соочена со казни за 250 милиони фунти во минатата година за преценување на нејзиниот профит во 2014-та година.