Економија 15.06.2018 10:40

Тојота ќе вложи милијарда долари во такси компанијата Граб

Тојота ќе вложи милијарда долари во такси компанијата Граб

Јапонскиот производител на автомобили Тојота најави дека ќе инвестира милијарда долари во интернет-такси компанијата Граб, која е една од најголемите
компании од тој вид во Југоисточна Азија. Вредноста на Граб се проценува на 10 милијарди долари. Тојота не е прва автомобилска компанија која инвестира во новоформираните такси компании како Граб. Џенерал Моторс поседува дел од Лифт, а Тојота веќе има соработка со Убер. Се очекува дел од соработката меѓу Тојота и Граб да биде насочена за развој на самоуправувачки возила и други мерки кои ќе ги намалат трошоците во такси превозот.