„Томсон Ројтерс“, една од најголемите новински агенции во светот, планира да отпушти 3.200 лица, што претставува 12 отсто од вкупниот број на вработени и да го намали бројот на редакциите за една третина, од 185 до 133.
Како што соопшти компанијата, главна причина за оваа мерка, која треба да биде спорведена до крајот на 2019 година, е намалување на трошоците.
Покрај ова, планирано е и намалување на обемот на објавуваните содржини и оптимизација на организациската структура.
Холдингот смета дека со овие мерки трошоците ќе се намалат за седум до осум отсто и дека ќе се постигне раст на профитот до 4.5 проценти до 2020 година.
Агенцијата „Ројтерс“ е формирана во Лондон во 1851 година. Од 2008 година нејзин основен сопственик стана канадската медиумската групација „Томсон“. По спојувањето новата компанија беше наречена „Томсон Ројтерс“.