Раководството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ги повикаа САД и Кина да го прекинат трговскиот спор и да играат според светските трговски правила.
Повикот пристигна во моментот, додека берзанските индекси се „вжештија“ поради стравот од понатамошни конфликти помеѓу двете најголеми економии во светот.
Растот на водечки светски компании забавува, но сепак е силен, изјави шефицата на ММФ Кристин Лагард на годишната средба на ММФ и Светската банка, што се одржа на индонезискиот остров Бали.
Лагард рече дека земјите во светот се уште се со „силни позиции“, поради што ММФ не верува дека економските проблеми ќе се прошират, објави Асошиетед прес.
И покрај нејзината изјава, трговците се нервозни. Вчера, на крајот од неделата, акциите на „Стандард енд Пјур“ паднаа за 3,3 отсто, а „Дау Џонс“ за 3,1 отсто, што е негов најголем пад во изминатите осум месеци. Технолошкиот индекс „Насдак“ падна за 4,1 отсто, а во последните пет дена за 7,5 отсто.
„Шангај композит“, по големиот пад на почетокот на оваа недела, денес падна за повеќе од пет отсто, што е најниско ниво од ноември 2014 година, а јапонскиот „Никеи“ опадна за речиси четири проценти, што е исто така невообичаено.
Претходно оваа недела, ММФ ја намали проценката на глобалниот економски раст на 3,7 од 3,9 отсто.
Лагард изјави дека берзите работат на одржување на растот на референтните стапки во САД и некои други земји, како и намалувањето на несигурноста за светската трговија, додавајќи дека секое зголемување на царините помеѓу САД и Кина не помага.
-Деескалација, треба да сепоправи системот, не да се уништи, рече Лагард.
Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким, рече дека институцијата соработува со земјите во развој и се подготвува доколку дојде до влошување на ситуацијата.
-Трговијата е многу важна, бидејќи таа ги креваи луѓето од екстремната сиромаштија. Јас сум глобалист. Тоа е моја работа. Ова е нашата единствена шанса да се стави крај на екстремната сиромаштија. Ни треба повеќе, а не помалку трговија, изјави Ким.
Годишниот состанок на ММФ и Светската банка доаѓа во време на зголемувањето на референтните каматни стапки што паднаа во развиените земји заради „поправањето“ на економијата. Со растот на каматите, инвеститорите ги враќаат парите на безедните пазари, при што се извлекуваат парите од земјите во развој.
Аргентина, Пакистан, Венецуела и Зимбабве се меѓу најзагрозените земји. Исто така, расте загриженоста во врска со забавувањето на растот во Кина, како и растот на долгот на некои земји во развој, што доаѓаат од заемите за кинески проектот „Појас и пат” за развој на пристаништа, патишта и друга инфраструктура.