Економија 02.10.2018 11:44

Трамп: Царините за увоз на челик и алуминиум остануваат за Канада и Мексико

Трамп: Царините за увоз на челик и алуминиум остануваат за Канада и Мексико

Царините за увоз на челик и алуминиум од Канада и Мексико остануваат, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

Според него, давачките ќе останат, додека Мексико и Канада не започнат со фер заедничка трговија. На прес-конференција во Белата куќа, посветена на постигнатиот трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада (USMCA) тој истакна дека новиот договор е поволен и за трите земји.

Трамп увери дека има и други опции ако американскиот конгрес го отфрли новиот договор за слободна трговија со Мексико и Канада.

Тој истакна дека можноста да се тргува со САД е привилегија и земји, како Кина и земјите од Европа не треба да прифатат таква можност како готова.

Доналд Трамп го поздрави трговскиот договор со Канада и Мексико и го спореди како „најважен“ во историјата на САД.

Новиот договор ќе го замени Северно-американскиот договор за слободна трговија (НАФТА), потпишан пред речиси 25 години. Тој треба да биде одобрен од парламентите на трите земји за да стапи во сила.

Според зборовите на Трамп, цитиран од „Ројтерс“, трговскиот договор со Канада и Мексико ќе го поддржи создавањето на илјадници работни места во САД. Двата трговски партнери на Вашингтон се согласиле околу работните прашања, интелектуална сопственост и „зелените“ клаузули, додаде тој според белешки, распространети во Белата куќа.

Според Доналд Трамп царинскиот притисок се афектира, а без царини немало да се постигне договор со Канада и Мексико.

Според него, Индија и Јапонија ја изразија својата подготвеност веднаш да почнат да разговараат за нови услови за билатерална трговија.

Тој рече дека е премногу рано за Вашингтон да преговара со Пекинг за трговски договор.

Трамп сака договорот со Мексико и Канада да биде потпишан до крајот на ноември со досегашниот мексикански претседател Енрике Пенја Нието, кој ја напушта функцијата на 1-ви декември, и со канадскиот премиер Џастин Трюдо.

„Џастин Трудо е пристојна личност“, рече Трамп.

Двајцата лидери изразиле уверување дека новиот договор ќе ги зближи земјите од Северна Америка, ќе создаде нови работни места и ќе обезбеди стабилност и благосостојба во целиот регион.