Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја претстави новата стратегија за противракетна одбрана на САД.
Стратегијата е дизајнирана да одговори на заканите на новото оружје на Русија и на Кина, но и на Иран и на Северна Кореја.
Новата стратегија, која беше нарачана во 2017 година и за чија изработка беа потребни осум месеци, ќе биде претставена при посетата на Трамп на Пентагон.
МИА