Актуелно 17.01.2019 11:06

Трамп ќе ја претстави новата стратегија за противракетна одбрана

Трамп ќе ја претстави новата стратегија за противракетна одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја претстави новата стратегија за противракетна одбрана на САД.

Стратегијата е дизајнирана да одговори на заканите на новото оружје на Русија и на Кина, но и на Иран и на Северна Кореја.

Новата стратегија, која беше нарачана во 2017 година и за чија изработка беа потребни осум месеци, ќе биде претставена при посетата на Трамп на Пентагон.

МИА