Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со царини на сѐ што ќе стигне од Кина.
Најновиот пакет предвидува царини од 25 отсто на нова количина стока увезена од Кина, вредна 16 милијради долари, што ќе почне да се наплаќа од 23 август.
Администрацијата одлучила да примени царини на 279 од 284 производи кои на листата за царинење беа додадени во јули, а чијашто вредност изнесува околу 16 милијарди долари годишно.
На оваа листа се наоѓаат претежно индустриски производи, како што се парните турбини и носачите на железо.
Американската администрација подготвува и царини од 25 отсто на дополнителните кинески производи, вредни 200 милијарди долари, а Трамп се закани со царини на речиси сè што од Кина се продава во САД.
Увозот на кинеската стока и услуги во САД лани достигна вредност од околу 524 милијарди долари. Двете најголеми светски економии се во трговски спор поради обвинувањата на Вашингтон дека Кина користи предаторска тактика во обид од САД да ја преземе технолошката надмоќ, по пат на сајбер-кражба и бара од американските компании да ги обелоденат трговските тајни во замена за пристап на кинескиот пазар.