Актуелно 31.08.2018 11:31

Трамп со остри критики кон Министерството за правда и Федералното истражно биро

Трамп со остри критики кон Министерството за правда и Федералното истражно биро

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Министерството за правда и Федералното истражно биро (ФБИ) да почнат да работат или, како што кажа, тој ќе се вмеша.

– Нашето Министерство за правда и нашето ФБИ мора да почнат да ја извршуваат својата работа, да работат исправно и да работат сега. Сакав да не се мешам, но во еден момент, ако не се реши како треба… Ќе се вмешам и ќе одам таму, ако морам, изјави Трамп на митинг во американската сојузна држава Индијана.

Трамп кој повеќе пати го критикуваше Министерството за правда поради начинот на водење на истрагата за наводната вмешаност на Русија во предизборната кампања за претседателските избори во САД во 2016 година.