Актуелно 12.02.2019 13:54

Трамп: Во секој случај ние градиме ѕид кон Мексико

Трамп: Во секој случај ние градиме ѕид кон Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се откаже од ветувањето дека ќе гради ѕид на границата со Мексико.

-Ние секојдневно градиме ѕид, рече Трамп на собир во Тексас, во време кога беше објавено дека е постигнат принципиелен договор за финансирање на владата и избегнување ново затворање на владата.

Трамп, сепак, не кажа дали ќе го поддржи договорот.

Тој тврди дека бариерата, која го дели Ел Пасо и Мексико, го направи градот побезбеден, што, сепак, не ја поддржува федералната статистика.