Финансии 10.05.2018 12:43

Третина од фирмите против зголемување на персоналниот данок, третина во неоизвесност што тоа ќе значи за бизнисот

Третина од фирмите против зголемување на персоналниот данок, третина во неоизвесност што тоа ќе значи за бизнисот

Секоја втора фирма во земјава е незадоволна од високото даночно оптоварување.

Секоја втора фирма во земјава е незадоволна од високото даночно оптоварување. 33% од компаниите се против владините најави за воведување на прогресивен персонален данок, а една третина се во неизвесност бидејќи не знаат што ќе се случи кога тие ќе станат реалност. Ова го покажува најновата анкета на трите стопански комори и комората на информатичари кои се едни од најзасегнатите од промената што за нив е причина да останат без вработени. За бизнисот најважно е Владата да ја намали сивата економија и на тој начин да ја полни државната каса.

Една петина од компаниите се жалат дека немаат поддршка од Владата, но сметаат дека инспекциите работат подобро од порано и дека почесто пишуваат опомени, а помалку казнуваат. За што подобра законска регулатива, коморите бараат Владата да го следи австрискиот пример каде што ниту еден закон не може да се донесе без согласност и консултација на бизнис заедницата.
Од канцеларијата на USAID во Македонија велат дека компаниите формулирале околу 150 проблеми поврзани со законските решенија. Бараат измени во законите што ја опфаќаат работата на градежниците, угостителите, практикантите, консултантите.
Стопанските комори денеска потпишаа меморандум за унапредување на соработката со Владата во делот на подобрување на законската рамка, што треба да резултира со намалување на оптоварувањето на бизнисот и поттикнување на неговиот раст.
Извор:Алфа