Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров,синоќа во Домот на културата ја одржа трибината на тема „Вакцини- дилеми и заблуди”.
-Први и единствени во земјава, препознавајќи ја потребата од ваква дебата, во време на епидемија со морбили, овозможивме да се расчистат дел од дилемите и заблудите околу вакцините. Трибината ја модерираше Д-р Ленче Нелоска, а Проф Д-р Кети Ставриќ беше експертот со кој граѓаните имаа можност да разговараат, посочија од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.