Додека земјоделците во Преспа протестираат и бараат државата да ги исплати долговите кон нив, парадоксално сдс го пушта Костадинов на прес конференција да ја убедува јавноста дека економијата во Македонија е силна. Почитуван Костадинов, пресот што ти го напишале е обратнопропорционален од реалноста, напиша на својот Фејсбук профил Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:
-Повелете, ти и министерот за земјоделство, Николовски, да појдеме на терен за да ја увидете фактичката состојба на животниот стандард на граѓаните.
Тие бараат продолжување на интервентната мерка од 3 денари за килограм откупено индустриско јаболко, исплаќање на субвенциите за 2018 најдоцна до март оваа година, исплата на штети од доцните пролетни мразови од 2016 и дел од штетите за 2017. Должни сте му исплати на народот, а и да им ги слушнете проблемите и конечно да преземете мерки за нивно решавање. Вашата реалност не соодведствува со реалноста на измачениот земјоделец. Излезете помеѓу народот, доста е со лажни изјави пред медиумите, потенцира Трипуновски.