Актуелно 09.09.2018 14:47

Трипуновски и Георгиевски во струмичко на средби со граѓаните и општинските комитети

Трипуновски и Георгиевски во струмичко на средби со граѓаните и општинските комитети

Тим на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Цветан Трипуновски и Орце Георгиевски, денеска ќе биде во посета на Струмица и Василево, каде ќе имаат средби со граѓани и со општинските комитети.

Според партијата, посетите се со цел да се слушнат граѓаните, нивните проблеми и барања, но и во кој правец тие мислат дека треба да се движи државата.

-Досегашниот тек на посетите дава јасна слика дека граѓаните не гледаат перспектива со СДСМ, но и дека трендот на иселување значително се забрзува, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Граѓаните не ги поддржуваат анационалните политики на СДСМ, капитулантскиот договор со Грција, со кој се губи институционалниот идентитет, историјата, културата на македонскиот народ, дополнително истите не ги поддржуват ниту криминалниот начин наа владеење и распространетата корупција, што се гледа и од последните мерења на јавното мислење каде ВМРО-ДПМНЕ го враќа својот голем рајтинг, а СДСМ тоне.“

Акцијата за посети на членови од ИК на партијата почна во четвртокот, при што генералниот секретар Јанушев ги посети општините Чашка и Градско, а продолжува денес со неговата посета на Берово и Пехчево и посетата на Трипуновски и Георгиевски на струмичко.

Најнови вести