Актуелно 26.09.2018 20:24

Трипуновски: Оваа Влада на СДСМ е огромен дебакл на секаков план

Трипуновски: Оваа Влада на СДСМ е огромен дебакл на секаков план

Владата во изминатите 16 месеци е без концепт. Нема проекти, нема дела, вели Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за порталот Сигнал.

-Економијата евидентно тоне, на сите полиња бележиме катастрофално лоши резултати. Граѓаните имаат се помалку пари, а трошоците за живот се се поголеми. Се што прави оваа Влада е потпишување на штетни договори, во кои Република Македонија само губи. Државата е понижена и на меѓународен план урнати се позиции кои се градени со години. Се на се, оваа Влада е еден голем дебакл, како на домашен, така и на меѓународен план, рече тој.

„Сигнал“: Изминативе 16 месеци граѓаните можеа да ве слушнат како жестоко ги критикувате политиките на актуелната власт во делот на земјоделието.Како човек со богато професионално искуствово делот на земјоделските политики кое е вашето лично мислење во однос на политиката што ја води власта кон земјоделците и можеби најобемната стопанска гранка во нашата држава?

Како што кажавте земјоделството во Република Македонија е важна стопанска гранка како од економски така и од финансиски и социјален аспект.Од друга страна ,Македонија има природни  климатски услови кои ни даваат предност пред другите држави во регионот да имаме квалитетно земјоделско производство.Сето ова би се искористило како бенефит за државата т.е земјоделецот само доколку има и соодветни политики и мерки креирани од државата, но зажал со доаѓањето на СДСМ на власт тоа не е така.

Во изминативе 15 години сум фокусиран на земјоделството, финансирајки во моето стручно образование, но и управувајќи со повеке државни институции од областана земјоделството споменувајки го тука државниот инспекторат за земјоделствокако една од клучните институции каде бев директор.Во секојдневната комуникација што ја имам и ден денес како со земјоделците и земјоделските здруженија, научната фела,со приватните стопанственици од областа и сите останати учесници во земјоделскиот сектор можам со сигурност да констатирам дека актуелната власт нема никаков концепт ниту капацитет да креира мерки за подобро земјоделско производство.Во предизборието во 2016 година СДСМ одеше од град во град,од село во село и даваа празни ветувања за подобро и поквалитетно земјоделство и тоа остана само на хартија, за денес да констатирам дека нема ништо од ветената зелена нафта за земјоделците,ни од загаратираниот откуп на земјоделските производии повисоките откупни цени,ни од гарантниот фонд,повисоките субвенции итн.Во моментов македонскиот земјоделец е оставен сам да се снаоѓа како знае и умее затоа што ниту од министерот за земјоделство ниту надлежните институции не се излезени на терен за директно да се соочат со проблемите ,да превенираат создавање на нови, едноставно кажано земјоделците останаа без партнер од државата, ова е недозволиво затоа што се нанесува огромна штета на земјоделството во Р.М .

Целото интервју, прочитајте го на Сигнал.мк.