Актуелно 24.02.2019 14:27

Трипуновски: Поради неспособната влада на СДСМ и министерот Николовски повеќе од 50 илјади тони квалитетни јаболка ќе бидат фрлени во отпад

Трипуновски: Поради неспособната влада на СДСМ и министерот Николовски повеќе од 50 илјади тони квалитетни јаболка ќе бидат фрлени во отпад

Со месеци овоштарите од Преспа молат за помош и поддршка од неспособната Влада на СДСМ и министерот Николовски. Повеќе од  50.000 тони  на  квалитетни јаболка заради вашата негрижа ќе бидат фрлени во отпад, а со тоа и трудот и маката на вредните земјоделци од Преспа ќе биде залуден, ова денеска на прес-конференција го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Луѓето молат за помош, а министерот за жал не наоѓа време да ги удостои за да најде решение за пласманот на брендот Преспанско јаболко. Патем оваа влада им ветуваше и на јаболкарите, но и на сите земјоделци дека ќе им отвори пазари и откупувачи кои ќе се тепаат да го откупат нивниот род. Ни пазари отворија ни откупувачи донесоа, а земјоделците и овоштарите сега се оставени сами со своите маки. Од тоа што Министерот Николовски шеташе по светот со народни пари гледаме дека нема никакво фајде за земјоделецот, па сега имаме потрошени пари за неговите прошетки и истовремено земјоделство кое е клекнато на колена. Господа од СДСМ не постои ниту еден земјоделец од Преспа кој е задоволен од вашиот ангажман и вашите погубни политики во земјоделството, потенцира Трипуновски.

Тој на господата од СДСМ им порачува наместо празни состаноци со кои сакате да купите време и да го одвлечите решавањето на проблемот  под итно е потребен ваш ангажман да најдете пазар за повеќе од 50.000 тони на јаболка, но за тоа е потребно да излезете од вашите кабинети и да почнете со сериозна работа.

-Повеќе од две години ги знаете барањата на овоштарите од Преспа, но за жал вие со мал прст не мрднавте. Ако уште малку Министерството за земјоделство одолговлекува и не го решава проблемот со откупот на јаболката, ќе треба Министерството за животна средина да го решава со обезбедување на депонии кај што ќе бидат фрлени 50 илјади тони јаболка од Преспа.. Господа од СДСМ доста ги лажете луѓето. Почнете да градите ладилници, почнете да наоѓате пазари за откуп на преспанското јаболко, почнете редовно да им ги исплаќате субвенциите. Крајно време е да почнете да си ја работите работата за која сте платени со народни пари, завршува Трипуновски.