Актуелно 09.07.2018 20:40

Трипуновски: Со СДСМ на власт извозот на лубеници е петкратно намален од 11.000 тони во 2016, на 2500 тона

Трипуновски: Со СДСМ на власт извозот на лубеници е петкратно намален од 11.000 тони во 2016, на 2500 тона

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ е катастрофа за земјоделието. Членот на Извршниот комитет на партијата, Цветан Трипуновски вели дека власта ја претвори државата од земја извозник во земја увозник на земјоделски производи, дека во првите шест месеци од 2018 година државата има трговски дисбаланс во поглед на земјоделските производи.

-Република Македонија повеќе увезува отколку што извезува. Токму затоа и откупот е слаб, а откупните цени очајно ниски. Македонија која во изминатиов период важеше за земја извозник на лубеница во првите шест месеци од 2018 година има увезено двојно повеќе лубеници отколку што има извезено. Имено увозот изнесува 6.000 тони додека извозот е само 2500 тони на лубеници. И додека увезуваме од странство родот на нашите земјоделци скапува по нивите или се продава по цена од 2 до 3 денари за килограм. Извозот никогаш не бил послаб. Ова се должи на неспособноста на власта да обезбеди пласман и пазар за македонските лубеници, изјави Трипуновски.

Тој вели деак СДСМ од опозиција ветуваше сигурен пласман и сигурни откупни цени, а сега гледаме дека не само што откупот е намален, туку и цените се помали од било кога.

Извозот на лубеница откако СДСМ е на власт е паднат драстично. Од 11.000 тони на извезени лубеници во 2016 година, на овогодинешните 2.500 тони.

-Поради неспособноста на власта домашните земјоделци беа приморани добар дел од родот да го остават да скапе на нивите или воопшто да го даваат без пари. Наместо профит за илјадници земјоделски фамилии, политиките на СДСМ носат профит на мала група трговци. Оваа влада не води сметка за интересот на земјоделците, туку за интересот на неколку трговци. При тоа не му нанесоа удар само на земјоделството туку и на многу стопанските гранки кои се тесно поврзани со него, како што се трговија, транспортот, хемиска индустрија, преработувачка индустрија итн, изјави Трипуновски.

Според него министерот Николовски кажува розови прикаски секојдневно  со некакви ЌЕ ветувања, но за негова несреќа бројките се конкретни,а за него и за владината политика немилосрдни.

-Истовремено покажувајќи ја нивната неспособност и алчност за лесна заработка на поединци блиски до власта не водејќи сметка за стратешките интереси, а во конкретниов случај  интересите на македонските земјоделци. Затоа ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува на оваа состојба која ги разоткрива нивните матни шпекулантски планови за остварување на профит на грбот на македонскиот земјоделец. Оваа власт мора да си замине веднаш додека не е доцна,секој ден нивно опстојување за Македонија има несогледиви последици, изјави Трипуновски.