Актуелно 15.09.2018 12:33

Трипуновски: Заев ги излажа земјоделците, година ипол нема откуп, а кога го има цените се ниски

Трипуновски: Заев ги излажа земјоделците, година ипол нема откуп, а кога го има цените се ниски

Заев ги излажа земјоделците, илјадници семејства кои единствен извор за живот им е земјоделието имаат нарушена егзистенција. Година ипол откуп нема, а кога има тој е по очајно ниски цени, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера заедно со тимот составен од Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Дајанчо Ефтимов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа во посета на Дојран.

-Лошата економска политика придонесе на целосен крах на државата, тоа го чувствуваат најмногу граѓаните, кои секојдневно се помалку можат да купат со нивната плата. Цените растат, а платите се исти. Дополнително додека во државата ни се случува економска катастрофа на надворешен план државата е понижена со потпишувањето на капитулантскиот договор со Грција. Со овој договор го губиме идентитетот, историјата, културата и традицијата. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и нема да го прифати овој договор, истакна Трипуновски.