Актуелно 24.01.2019 20:17

Трипуновски: Жално е што власта на СДСМ е неспособна да организира откуп и да исплати субвенции кои ги ветуваше пред да дојде на власт

Трипуновски: Жално е што власта на СДСМ е неспособна да организира откуп и да исплати субвенции кои ги ветуваше пред да дојде на власт

Почитувани, не може човек а да не биде загрижен кога гледа каков хаос и се случува на Република Македонија. Катастрофа на секое поле, а најповеќе во земјоделието, ова преку својот Фејсбук статус го порача Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта во јануари се уште нема решено работи кои требаа да бидат решени минатата година. Беше жално и понижувачки кога гледавме како се сечеа јаболкници во најплодните години само затоа што власта е неспособна да организира откуп кој го ветуваше пред да дојде на власт. Иако во екот на бербата на преспанското јаболко ветуваа интервентни мерки со дополнителна субвенција за санирање на проблемот, денес гледаме од земјоделците дека истите се уште не се исплатени затоа се неспроведливи т.е. во прашање е доведена исплатата на дополнителната субвенција која земјоделците со нетрпение ја очекуваат, вели во својот статус Трипуновски.