Актуелно 18.06.2018 12:50

Трошоците за такси, надоместоци и сертификати ги чинат фирмите премногу, бараат укинување или поевтинување

Трошоците за такси, надоместоци и сертификати ги чинат фирмите премногу, бараат укинување или поевтинување

Од година в година на компаниите им се зголемуваат трошоците за добивање на разни сертификати, лиценци, плаќање такси, надоместоци и други таканаречени неоданочени парафискални давачки. Бизнисмените се жалат дека по овој основ и платиле на државата  за дури 32.7 милиони евра повеќе отколку во 2008-та. Од Стопанската комора велат дека дел од овие давачки се непотребни  и треба да се укинат, а дел да поевтинат. Бараат сите финансиски институции да направат детални анализи и да ги променат законите за да им помогнат на преоптоварените компании. Трошоците на фирмите по овој основ во просек изнесуваат 2.000 евра по вработен или вкупно 20 милиони евра годишно, пари кои можат да ги искористат за развој на својот бизнис.

Од Стопанската Комора на Македонија велат дека дури ниту министерството за финансии нема целосен увид во сите 84 нови давачки кои во текот на годините ги воведувале општините, комуналните претпријатија, разните државни агенции и установи. Велат дека треба да се направи детален регистар на сите овие давачки кои ги плаќаат фирмите. Бараат тие да не можат да поскапат или да се воведат нови без одобрение на министерството за финансии. Сумата собрана од парафискалните давачки учествува во вкупните даночни приходи со 14%, што е помалку од наплатата на ДДВ и акцизи, но повеќе од персоналниот данок.
Извор: Алфа