Финансии 08.10.2018 11:31

Турција воведе исклучоци во трансакциите во турски лири

Турција воведе исклучоци во трансакциите во турски лири

Турција објави исклучоци од правилото за забрана за финансиски трансакции во странска валута, што турската Влада ја воведе минатиот месец и со која се превидува сите продажби на имот и исплати на кредити и наемнини да се вршат исклучиво во турски лири.

Согласно новата одлука објавена во турскиот службен весник, забраната за трансакции во странски валути нема да се однесува на договори за извоз, за купо-продажба на пазарот на капитал, како и за договори за вработување на странци.

Забраната, исто така, не важи и за продажба на софтвери производени во странство, за договори за изнајмување бродови, како и за спогодби што ги склучуваат државните инситутции, а кои не се однесуваат на имоти или ангажирање на работници.

Предвидено е сите веќе склучени договори во странска валута да се трансформираат во турски лири согласно официјалниот курс на централната банка на Турција од 2 јануари годинава, зголемен согласно нивото на инфлацијата на цените на мало.

Мерката за забрана на трансакции во странски валути беше воведена со цел да се запре падот на вредноста на турска лира, која од почетокот на годината загуби околу 30 проценти од својата вредност во однос на американскиот долар.

На почеток на годинава еден американски долар чинеше 3,8 турски лири, додека сега една американска валута се менува за 6.15 турски.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.