Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд, најпрво во западните делови. На повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално се можни поинтензивни процеси со обилен пороен дожд, особено во западните и јужните делови од државата.Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 34 степени.
Со Скопје слично време, со температура од 17 до 31 степен.
В среда и четврток ќе биде посвежо со умерен до засилен северозападен ветер. Потоа ќе следува период на претежно стабилно време, а во попладневните часови во планинските предели можна е ретка појава на пороен дожд со грмежи.