Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.
Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата.
Минималната темпертаура ќе се движи од 0 до 9, а максималната од 15 до 23 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде 5 , а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Во текот на утрешниот ден се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. В петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.
МИА