Живот 10.07.2018 11:31

Умерено облачно време и температура до 31 степен

Умерено облачно време и температура до 31 степен

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, во северните делови со услови за краткотраен попладневен дожд.

Ќе дува умерен северозападен ветер, а УВ индексот ќе биде 8. Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од 9 до 18 степени, а дневната температура од 17 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, со умерен северозападен ветер и УВ вредност 8.  Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 28 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.