Актуелно 07.10.2018 23:36

УМС на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со политичкиот подмладок на партијата на Ангела Меркел

УМС на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со политичкиот подмладок на партијата на Ангела Меркел

Денес оставиривме средба со претставници од #JungeUnion, политички подмладок на партијата на Ангела Меркел. Тие ни дојдоа од Ерфурт, главниот град на германската сојузна држава Турингија, информира Лука Кржалоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-На состанокот стана збор за добрите односи помеѓу нашите сестрински партии и беше укажано дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина. Покрај тоа, ги запознавме со актуелната политичка состојба во Република Македонија, состојбата по референдумот и маните во интерпретација на резултатите од страна на власта. Воедно, имавме и детална дискусија за содржината на самиот Преспански Договор. Разговорот продолжи во насока на регионалните прашања, историјата и културолошките карактеристики на балканскте народи. Интересно беше да се чујат и перцепциите на нашите германски колеги за балканот. За крај беше заклучено дека Република Македонија ја има поддршката од ЦДУ/ЦСУ кои се владејачка коалиција во Германија и дека таа останува клучен стратешки партнер на целиот регион, информираше тој.