Дел од унгарските медиуми, денес објавија информација дека Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија веќе има донесено одлука за барањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
Сепак, дали неговото барање е прифатено или не, сè уште не се открива во јавноста.
Според тамошните закони, Канцеларијата за имиграција има рок од 15 до 60 дена да се изјасни дали ќе му даде азил на Груевски.
Македонското Министерство за правда и натаму ја токми документација за екстрадиција, која се очекува да биде испратена во скоро време во Унгарија.