Мозаик 23.05.2018 09:59

Успешноста на секој лидер произлегува од неговиот тим

Успешноста на секој лидер произлегува од неговиот тим

Сите имаме желба да станеме успешни и признати лидери во бизнис заедницата. Многу менаџери успешно водат големи компании и никогаш не станале “големи” лидери. Лидер не се станува преку ноќ. Тоа е траен процес на развивање. Потребно е да се вложи многу работа и труд. Тоа е процес во кој треба многу да работите на себе и да се запознаете самиот. Често се прашуваме, каде грешиме. Дали постои начин за да се претвориме себе или другите да ги претвориме во “големи” лидери ? Секако дека постои. Морате да имате на ум дека талентот и мотивацијата не се доволни за долгорочен успех. Никогаш не ги преценувајте своите квалитети, туку бидете реални. Самодовербата е многу важен фактор за успехот, но внимавајте. Премногу самодоверба може да пречи, еднакво како и кога истата недостасува.

Кој не може нешто да заврши не треба веднаш да се откаже од помислата дека ќе стане успешен лидер, бидејќи клучевите за успех се наоѓаат во вашиот џеб, само треба правилно да ги употребите.

Постојат четири категории кои морате да ги совладате за да станете успешен лидер. Мора да бидете:

1)  Самосвесни – свесни за своите мани и вредности. Маните и слабостите треба да ги освестите, а да ги запознаете и негувате силните страни.

2)  Иновативни – склони кон иновации. Треба да ги прифаќате и да се прилагодувате на промените. Мора да бидете креативни и среќни.

3)  Мора да знаeте да сакате – имајте позитивен став за себе и пренесувајте го истиот во своето окружување. Ако знаете да сакате, ќе бидете сакани. Ценете ги и сакајте ги своите соработници.

4)  Мора да бидете храбри спремни на ризик, амбициозни и одлучни – со својата храброст и амбициозност да ги поттикнете другите.

Тоа се четирите вредности на лидерот. Што треба да направите за да станете лидер. Не постои рецепт и формула како да станете лидер.

Цело време мора да учите, многу да работите на себе и да ги предвидувате ситуациите. Не смеете да бидете дел од проблемот, туку оној кој треба да го реши проблемот. Лидерството мора да биде начин на живот во сите сегменти. Секој кој сака да биде успешен лидер мора да ги знае своите обврски кои ќе го доведат на тронот на успехот. За да бидете први треба да имате визија за иднината и разработен план за остварување на таа визија. Мора да одредите причина зошто баш тоа го сакате. Мора да имате тим со кој ќе ја разработите стратегијата, како би ја реализирале својата визија. Самостојните играчи немаат успех. Силата е во единството на тимот. Мора да ги мотивирате, инспирирате и поттикнувате луѓето на успех. Мора да ја знаете насоката во која тимот треба да се движи. Без добра насока нема ни добра пловидба. Ветерот секогаш нека дува во вашиот грб. Мора да работите на своето образование – секогаш да учите од најдобрите. Мора да работите на вашите промени. Лошите навики да ги замените со поквалитетни. Треба да се ослободите од сите предрасуди и негативни ставови. Мора да бидете истрајни и никогаш да не се откажете од своите визии и цели.

Доколку размислувате за неуспех, веднаш откажете се од лидерската позиција. Побарајте работа на некоја друга позиција. Освен тоа мора да размислувате победнички. Да знаете да учите од критиките, успешно да комуницирате, да знаете да ги одредите приоритетите и да бидете доследни на истите.

Доколку сакате да бидете успешен лидер мора да ги усовршите своите вештини и техники. Само напред! Ако сакате вашата професија да биде лидер, вложувајте во својот тим и направете го најдобар. Помогнете му да стекне самодоврба. Уверете го за визијата за иднината и чувството да се живее за неа. Ширете ентузијазам, оптимизам и позитивна енергија. Верувајте во луѓето, бидете искрени и почитувајте ги своите соработници. Реагирајте брзо и следете го својот инстинкт. Секоја ваша дилема, нека има одговор и реализација. Бидете пример и потикнете ги другите на акција.