Економија 10.08.2018 18:39

Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки

Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки

Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 41,7 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај моторниот бензин има зголемување на цената за 0,5 отсто на месечно ниво, а 36 отсто на годишно ниво. Кај горивата за млазни мотори од бензински тип или керозин зголемувањето е 4,4 отсто на месечно и 43,4 отсто на годишно ниво, кај дизелот, пак, е 0,3 на месечно и 44,5 на годишно ниво.

Зголемување од 2,8 отсто на месечно ниво и 39,3 отсто на годишно е забележано кај мазутот, а кај пропан и бутан, односно течно ТНГ гориво зголемувањето е 1,9 отсто на месечно и 28, 6 отсто на годишно ниво.