Актуелно 22.12.2018 22:39

ВЕЧЕРВА НЕ СЕ ДИШЕ ВО СКОПЈЕ- Власта мува не ја лази, граѓаните беспомошни алармираат да не се излегува од дома!

ВЕЧЕРВА НЕ СЕ ДИШЕ ВО СКОПЈЕ- Власта мува не ја лази, граѓаните беспомошни алармираат да не се излегува од дома!

Вечерва не се дише во Скопје, но и во цела Македонија.

Маглата која ја има во Скопје само дополнително ја влошува состојбата, додека власта мува не ја лази.

Мерните станици во моментов покажуваат дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено е кај Ректоратот во Скопје.

Според мерните станици во моментов кај Ректоратот има 228 милиграми на метар кубен ПМ-10, Центар 176, Куманово 158, Струмица 157, Карпош 136 и Бутел 128 ПМ-10.

Инаку на социјалните мрежи граѓаните вечерва упатуваат апели да не се излегува од дома, особено родителите со мали деца.