Актуелно 06.10.2018 12:22

„Велешани ги прочитаа Заев и СДСМ и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува“

„Велешани ги прочитаа Заев и СДСМ и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува“

Најпрво дозволете ми во име на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес да изразам огромна благодарност до сите граѓани за покажаната висока демократска и патриотска свест, на начин што одлучија да не дадат поддршка на договорот за промена на уставното име, идентитетот, историјата и традицијата на Република Македонија, истакна Игор Здравковски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

-Со ова Велес и велешани, покажаа дека се достојни наследници на Гемиџиите, на Рацин, на Брашнаров, Главинов и еден куп големи Македонци, и дека и покрај сите притисоци од индивидуалци кои што се вршители на функции во локалната и централната власт, тие достојно останаа на ставот за неприфаќање на штетниот договор со Грција. Ние постојано кажуваме дека сите сме за Македонија во Европска Унија, за Македонија во НАТО, но не смееме по цена на губење на достоинството да го прифатиме тој штетен договор. Овој неуспешен референдум, сега можеме да констатираме дека е една неуспешна анкета спроведена од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери за која се потрошија огромна сума на пари за обезличување на граѓаните, рече Здравковски и додаде:

„Во општина Велес, СДСМ за една година изгуби точно 3.531 глас, односно од добиени 15.962 гласови на локалните избори, референдумот го поддржаа 12.431 граѓан или во проценти тоа е околу 20% губење на поддршката. Катастрофалната економска политика на централно ниво со 0,1% економски раст, криминалните тендери во четири очи, срамниот договор со Грција со кој требаше да се откажеме од сите вредности, манипулациите на Аце Коцевски, штетните и антимакедонски потези на Панче Иванов, нетранспарентното работење, немање дебати и јавни расправи за прашања кои што се од огромна важност за граѓаните, партиските вработувања без никакви критериуми се една од причините за губењето на гласовите на СДСМ“.

Исто така, потенцираше тој, можеме да констатираме дека реализацијата на нула проекти кои што беа предвидени во изборната програма – „Живот за сите“ меѓу кои се капиталните проекти за Затворениот пазар, Катна гаража, атмосферска канализација на улиците од погорниот дел од градот и сите оние мали проекти кои што требаше да се реализираат, никаде ги нема.

-И сите тие заедно придонесоа за падот поддршката од 3.531 граѓанин на СДСМ во Велес. Велешани ги прочитаа Зоран Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува. На крајот на краиштата од овие политики најголеми губитници се граѓаните на општина Велес. Велес отсекогаш знае да препознае идеја, да препознае искреност, да препознае работа. Затоа, Ве повикувам во наредниот период што претстои пред нас, сите заедно да се приклучиме и да ја продолжиме битката за Република Македонија. Да живее Република Македонија.