Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин никако да се справи со загадениот воздух во општината.
И додека Марин ветуваше живот за сите во Аеродром, жителите гласно го запрашаа Марин:
-Чисто ли дишеш Марин?
-Марин вети воздух, донесе магла.
-Што е тоа чист воздух?
-Кој е крив за оваа смрдеа?
Инаку на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ вчера потенцираше дека Скопје овие денови е загадено 40 пати над нормалата.
Скопје повторно смрди! Додека, градоначалникот Петре Шилегов организира комични настапи во кои ја промовира својата не работа, Скопје се гуши во нечист воздух. Воздухот во Скопје е загаден 40 пати над нормалата!, ова на прес-конференција го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа го прави Скопје најзагаден град во Европа. Загаденоста на воздухот оддалеку ги надминува европските просеци, а според истражувањата на Европската агенција за животна средина, Македонија е земја каде ситуацијата со загаденоста е најалармантна. Мерната станица во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден во период од 6-7 часот изутрина и од 9-10 часот претпладнето покажуваше дека вредноста на канцерогените ПМ 10 честичките изнесува неверојатни 1999 µg/m3, по што мерната станица е изгасена. ПМ 10 честички во износ од 1999 µg/m3, се 40 пати над нормалата. Ова не е лошо, ова е алармантно и на сето ова не гледаме никакви мерки од градските власти. Помина повеќе од една година од мандатот на градоначалникот Петре Шилегов и повеќе од една година од ветувањата за решавање на проблемот со загадениот воздух, веднаш откако СДСМ ќе ја преземе локалната власт. Шилегов дојде на власт, а воздухот не само што не е почист, туку е и позагаден, потенцира Андоновски.
Тој додава дека за една година Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загаденоста на воздухот. Напротив сведоци сме на објаснувања контрадикторни на предизборните ветувања и изговори дека експресно решение дека сега не било можно.
-Доколку нивото на загаденост е алармантно уште во ноември, што го очекува Скопје во декември, јануари, февруари и март? Скопјани не смеат да ја плаќаат неодговорноста на градоначалникот Петре Шилегов, додава Андоновски.