Актуелно 16.01.2019 12:47

Вице Заев не се појави во судница на рочиштето против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

Вице Заев не се појави во судница на рочиштето против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

Тужителот Вице Заев не се појави во судницата на денешното подготвително рочиште, туку неговиот адвокат и роднина Горан Заев.

Тужениот Александар Николоски пред судот рече дека сам ќе се брани и со докази ќе ги отфрли обвиненијата дека извршил кривично дело клевета.

Адвокатот Горан Заев кажа дека ќе бара Николовски да го докаже она што го искажал во изјава дека тужителот преку тендери станал главен бизнис фактор во државата.

Следното рочиште е закажано за 26 февруари.