Дива депонија изникнала за 15-тина дена во околината на Кичево, поточно во месноста Иванидол се жалат кичевчани, објаснува претседателот на месната заедница Иванидол. Тој додава дека депонијата претставува општа и непосредна опасност за безбедноста на жителите, особено поради фактот што ѓубрето се одлага во близина на борова шума, која би можела да се запали при помал пожар од депонијата.
Освен ова, додаваат кичевчани, при секој посилен дожд се загадуваат и подземните води, а со тоа безбедноста на водата за пиење. Тие додаваат дека доставиле барање до градоначалникот Фатмир Дехари кој потполно ги игнрорирал.