Актуелно 07.08.2018 11:52

ВИДЕО: Шекеринска и Шапуриќ фатени на дело- 400.000 за фантом невладина

ВИДЕО: Шекеринска и Шапуриќ фатени на дело- 400.000 за фантом невладина

Фантом невладина организација која од минута во минута ги менува членовите на раководи функции и прикажува лажни (?) ревизорски извештаи добила пари од Министерството за одбрана, открива порталот Економски Лидер по деталните проверки на здружението.

Се работи за здружението „Мултикултура“ од Тетово, кое доби 400.000 денари грант од Министерството за одбрана со потпис на министерката Радмила Шекеринска. Откако вчера Лидер објави за злоупотребата на службената положба (кривично дело), затоа што во управниот одбор на „Мултикултура“ седи министерот без ресор Зоран Шапуриќ – утринава од вебсајтот на здружението го избршаа името Шапуриќ од графата на членови во управниот одбор.

Разликата во сајтот на Мултикултура (www.multikultura.org,mk), од утринава министерот Зоран Шапуриќ не е член на управниот одбор

Кратко по промените на страницата, кабинетот на министерот Шапуриќ излезе со демант на информацијата на Економски Лидер во кој стои дека тој не е, ниту некогаш бил дел од раководните структури на ова здружение.

Во демантот, Шапуриќ го обвини Економски Лидер за ширење на лажни вести и посочи дека со објавувањето на оваа вест сме работеле против неговите и напорите на Шекеринска да влеземе во НАТО.

-Mинистерот Шапуриќ, во ниту еден момент не бил во управувачките структури на оваа организација, ниту присуствувал на било каква нивна седница, стои во демантот од кабинетот на министерот Шапуриќ кој пристигна до медиумите на кои им се закануваат со тужба.

Од порталот прашале и зошто името Шапуриќ стои во ревизорски извештај, го тргнаа и него.

Ваквото тврдење на Шапуриќ иницираше нова истрага на Економски Лидер, во која ги проверивме ревизорските извештаи на „Мултикултура“, кои се потпишани од овластената ревизорска куќа РСМ Македонија од ревизорите Војдан и Стојан Јорданов.

Во нив, исто така стои името на министерот Зоран Шапуриќ како дел од управниот одбор на здружението. Истите можете да ги погледнете во целост преку линковите на крајот од овој текст.

Ревизорскиот извештај за 2018, во кој стои името на Зоран Шапуриќ како член на управниот одбор на здружението „Мултикултура“

По ова, од Лидер се јавивле на официјалниот телефонски број на организацијата да прашаме дали Шапуриќ е дел од управниот одбор. Од таму не сакале да дадат одговор зошто неговото име се споменува во ревизорскиот извештај и зошто беше тргнато од вебстраницата. На крај, додава Лидер, секретарката која одговара на телефонските повици нервозно го спушти телефонот.

Кратко по нашиот телефонски разговор, од веб страницата на „Мултикултура“ ги избришаа и ревизорските извештаи за 2016 и 2017, иако претходно имаше и промени во кои од документите беше тргната четвртата страница, на која се наоѓаат имињата на луѓето со раководни позиции во оваа организација.

Со оглед на тоа што се работи за официјален ревизорски извештај, од сите случувања јасно е дека некој извршил кривично дело. За настанот постојат две сценарија:

Кривично дело извршиле Шекеринска и Шапуриќ, злоупотреба на службена положба, затоа што пари добила организација раководена од Шапуриќ. или Кривично дело, фалсификување извршил претседателот на невладината „Мултикултура“, кој го фалсификувал потписот на Шапуриќ. Заедно со ревизорот кој тоа го заверил.

Прашањето е само дали Шекеринска дала пари на невладина на Шапуриќ, или на невладина фантом, која фалсификува потписи од минута во минута ги менува членовите на раководните тела?

Од сајтот на „Мултикултура“ избришано е се што е поврзано со Шапуриќ, за да се исполни неговата изјава дека тој не е поврзан со организацијата, но она што еднаш е напишано на интернет, не може да се тргне. Па така, на пребарувачот „Google“, сеуште стои дека Шапуриќ е член на управниот одбор на организацијата.

Google потврдува дека неговото име е тргнато од сајтот

Сега палката е во рацете на институциите, кои ако навистина постојат, треба да откријат дали некој правел злоупотреба на службена положба, или некој правел фалсификат на документи.

Во иднина ќе продолжиме да истражуваме за ова здружение и неговата поврзаност со актуелната власт. Затоа што финансиските извештаи, покажуваат дека во него се вртат огромни суми на пари, често донирани и од државата.

Прилози:

Ревизорски извештај за 2017, со името на Зоран Шапуриќ, објавен  2018- https://drive.google.com/file/d/1UVsRUf8WLkP1wMB1bGiR_G_p0IFxkNAe/view?usp=sharing

Ревизорски извештај за 2016, со името на Зоран Шапуриќ, објавен во 2017 –https://drive.google.com/file/d/1qyl5tGl8ZgBkq8ASmqYpSWCRg0OwLBUZ/view?usp=sharing

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ за Лидер