Актуелно 17.07.2018 13:45

Владата денеска ќе ги задолжи граѓаните огромни 22,7 милиони евра- Капитални проекти нема

Владата денеска ќе ги задолжи граѓаните огромни 22,7 милиони евра- Капитални проекти нема

На официјалната страна на Министерството за финансии денеска е закажана аукција на државни хартии од вредност во износ од 22,7 милиони евра. Имено, објавени се проспекти за аукција на 30 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари или 16,2 милиони евра и на 5 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 400.000.000 или 6,5 милиони евра.

Експертите велат дека Владата вртоглаво се задолжува без да покаже конкретни проекти каде ги троши парите. Што е уште поалармантно е дека 30 годишната државна обврзница е со камата од 4,6 % на годишно нови што значи дека за 30 години владата ќе треба да врати 22, 4 милиони евра. За заем од 16,2 милиони евра граѓаните и наредните генерации ќе треба да враќаат огромни 22, 4 милиони евра.

Експертите предупредуваат дека вака слаба реализација во буџетот на капиталните трошоци ќе резултира со потфрлување во постигнување на проекциите за БДП за 2018 година од 2,3 %. Економистите коментираат дека вака слабото работење ќе резултира со лоши резултати по македонската економија која дише на помошни апарати. Понатаму, експертите сметаат дека задолжувањата се оправдани само доколку со нив се градат проекти кои имаат подолгорочен позитивен ефект врз економијата на земјата како градење на инфраструктура патишта мостови, железници и слично. Владата на Република Македонија кога беше опозиција жестоко ги критикуваше задолжувањата додека сега кога е на власт се задолжува континуирано и без никакви резултати во смисла на капитални инвестиции. Реализацијата на буџетските трошоци за првите 5 месеци во буџетот од оваа година кои изнесуваат поразителни едвај 14 % додатно го потврдуваат фактот дека Владата нема капацитет ниту визија да ја придвижи економијата.

Според целокупната експертска јавност оваа Влада потфрли во многу сегменти во економијата и нема идеа и капацитет како да ја води економијата на државата. Колку за информација растот на БДП за првиот квартал оваа година изнесуваше само 0.1 % во услови кога целокупната Европска и светска економија доживуваа економски бум.