Владата константно се задолжува. Само вчера државата се задолжи за дополнителни 36 милиони евра. Исто така државниот долг расте но проекти и изградба на патишта нема. Така, според државните институции, Владата во изминативе 3 месеци, односно во вториот квартал, повторно го зголемила јавниот и државниот долг. Бројките велат дека , секој ден изминативе 3 месеци, јавниот долг се зголемувал за над половина милион евра или поточно 580.645 евра дневно, додека пак државниот долг се зголемува секој ден за 311.8 евра.
Владата константно се задолжува без конкретни резултати предупредуваат експертите. Реализацијата на капиталните трошоци во буџетот се катастрофално ниски за првите 6 месеци заклучно со јуни и изнесуваат едвај 17 % односно 16,65%. Ваквата слаба реализација на капиталните инвестиции ќе влијае врз растот на БДП велат познавачите.
Според официјалните информации владата се задолжила за вкупно 540 милини евра од почетокот на годината и тоа Државни записи во износ од 19.934.790.000 денари или 323,8 мил евра и Државни обврзници во износ од 13.282.600.000 денари или 215,8 мил евра.
Според експертите задолжувањето единствено се оправдува со вложување на парите во капитални проекти кои се од стратешка важност на државата и кои имаат повеќе кратен ефект врз економијата на долг рок. Оваа влада константно ги задолжува граѓаните и наредните генерации без никакви резултати што е опасно за економијата како на краток така и на долг рок предупредуваат економистите.