Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизијата 21 вели дека Владата ја лаже јавноста за висината на државниот долг кој, според него, е драстично поголем.
-Ја лажат јавноста за реалната состојба на долгот, и за тоа имав обраќање пред неколку дена. Таа утка е за некаде околу 85 милиони евра за јавниот долг и некаде околу 60-тина милиони евра за државниот долг, појаснува Мицкоски.
Вели дека намалени се капиталните инвестиции и оти се наоѓаат на ниво од 7,43 проценти, потенцирајќи дека тие се за три пати помали од лани.
-Притоа, буџетскиот дефицит е идентичен како за тој период минатата година. Во меѓувреме, 500 милиони евра е земена државна обврзница и нето задолжувањето е некаде околу 100-тина милиони евра на домашниот пазар. Да, имаат вратено главница – странско задолжување, нешто домашно, но генерално нето задолжувањето е огромно, појаснува Мицкоски.
Вели дека во делот на растот на Бруто домашниот производ Македонија се наоѓа на дното во Европа, односно е последна.