Владата која веќе 2 години ја зацрнува држвата, денес кажа дека нема да преземе ништо против загадувањето на воздухот. Граѓаните и оваа зима ќе дишаат нечист воздух, а власта нема да реализира ниту една мерка да ги ублажи последиците, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните 2 месеци дишаат загаден воздух со присуство на канцерогени честички неколкукратно над дозволеното. Скопје 2 месеци е меѓу десетте најзагадени градови во светот, додека најзагаден град во Европа, стои во партиската реакција и се додава:
„СДСМ потроши 7 милијарди евра за две години, а ниту денар од тоа не даде за подобрување на аерозагадувањето. СДСМ ја зацрни државата, дадоа безброј ветувања, а ниту едно реализираа. Токму затоа оваа власт мора да си замине. Зората мора да изгрее. Македонија мора да тргне напред“.